Попладнево пуштен во употреба е новиот лифт во општинското основно училиште 25 Мај.
Со реализацијата на овој проект го продолжуваме процесот на постигнување на целосна инклузија во општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.
Обезбедуваме поквалитетни услови за реализација на образовниот процес за учениците со посебни образовни потреби.
За нашата посветеност кон создавање на инклузивна општина со достапно образование за сите, говорат реализираните проекти.
Благодарност до донаторите кои дадоа поддршка да го реализираме овој проект!