Денес ја пуштивме во употреба новата училишна спортска сала за учениците од општинското основно училиште Наум Охридски во Булачани.
Конечно после 61 година ова училиште има спортска сала во која учениците ќе имаат поквалитетни услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.
Училишната сала е изградена по најсовремени стандарди на површина од 470 метри квадратни и истата може да се користи за различен тип на спортови како што се кошарка, ракомет и одбојка. Изградени се и две соблекувални со комплетна опрема, кабинет за наставниот кадар и просторија за складирање на спортски реквизити.
Вкупната инвестиција за реализација на овој проект изнесува 29.680.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Oпштина Гази Баба.
Денес се исполни уште едно ветување на градоначалникот Бобан Стефковски.
Кога се работи одговорно, посветено и чесно тогаш резултатите се очекувани.
Инвестициите во образованието беа и остануваат на врвот на приоритетите на мандатoт на градоначалникот Бобан Стефковски, а за тоа најдобро говорат реализираните проекти во оваа област.
Нека е со среќа пуштањето во употреба на новата училишна спортска сала.