Работна средба оствари Бобан Стефковски со заменикот градоначалник на општина Аеродром
Дејан Митески со кого разговараа за прашања од заеднички интерес на двете општини.
Изградбата на пречистителната станица за отпадни води која треба да ја изгради ЈП Водовод и Канализација е проект во кој Општина Гази Баба и Општина Аеродром низ постапка заедно ги донесоа Деталните урбанистички планови потребни. Овој проект е од голема важност за скопјани и жално е што истиот не се реализира.
Втор проект за кој разговараа е проектот за пробивање на булеварот АСНОМ кој треба да поминува низ Керамидница и да ја поврзе Општина Гази Баба со Општината Аеродром и истиот ќе претставува сообраќајна артерија која ќе значи сериозно растеретување на сообраќајниот метеж кој се создава во Скопје.
Заеднички апелираме, Градот Скопје да ги продолжи постапките за експропријација и да пристапи кон итно изнаоѓање на решение за час поскоро овој проект да се заврши и стави во функција.
Општина Гази Баба секогаш ќе се залага да имаме одлична соработка со соседните општини, а со тоа и заеднички да се бориме за реализација на што повеќе проекти кои ќе донесат подобар и поквалитетен живот за жителите на нашите општини, но и за сите скопјани.