Денес градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.
На средбата присуствуваа и претставници од Земјоделски Институт – УКИМ Скопје, директорот проф. д-р Виктор Ѓамовски и проф. д-р Марија Ѓошева – Ковачевиќ, пред кои ја презентиравме стратешката иницијатива на општина Гази Баба и Земјоделскиот Институт за основање на Иновативен Центар на скопскиот плански регион.
Побаравме поддршка од Амбасадорот Милан Предан да помогне во поврзувањето со слични такви институции во Словенија, а со цел размена на искуства и најдобри практики во функцонирањето на таква институција.
Исто така, тие разговараа и за можноста општина Гази Баба да се збратими со општини од Република Словенија, со цел културна, економска и образовна соработка, како и подготовка и аплицирање на проекти во европските фондови.
Од друга страна, Земјоделскиот Институт побара поддршка од Амбасадорот за поврзување со градот Марибор и Институтот за земјоделие со седиште во Марибор, за научна и проектна соработка од сферата на smart земјоделие и агротуризмот.
На средбата се договори и заедничка еколошка акција за чистење на парк шумата Гази Баба, а со вклучување на општина Гази Баба и учениците од основните училишта во Гази Баба, Земјоделски Институт со својот персонал, како и Амбасадата на Република Словенија предводена од Н.Е. Милан Предан Амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.
23.05.2022