Градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид на градежните активности за реконструкција на крак од улицата Коце Металец во Железара, како дел од нашата посветеност за подобрување на локалната патна инфраструктура.
Продолжува градежната офанзива низ цела Гази Баба!
Градиме насекаде – во секоја урбана заедница, на секоја улица каде што со години се чекало.
Инвестираме во патиштата како никогаш досега!
До овој момент, 170 улици се веќе асфалтирани, а со секој нов проект чекориме напред кон модерна општина.
Ова не е само асфалт – ова е доказ дека знаеме, можеме и работиме за Гази Баба!
Продолжуваме да ја развиваме Гази Баба!
Со работа, со резултати, со посветеност – за секој наш граѓанин!