Раководител на сектор: Влатко Лакордов, дипломиран економист

е-пошта: vlatko.lakordov@gazibaba.gov.mk
  • Одделение за управување со човечки ресурси;
  • Одделение за информатичка технологија;
Надлежности:
  • Ги следи меѓународните искуства на полето на примената на новите технологии и модернизацијата на локалната самоуправа;
  • Предлага и реализира стратегија за воведување информациско-комуникациски технологии во општинската администрација;
  • Предлага и реализира стратегија за безбедност на информациите во информациско -комуникацискиот систем на општината;
  • Го планира, развива, проектира и реализира информациско - комуникацискиот систем на општината;
  • Ја планира, развива и проектира информациско - комуникациската инфраструктура на општината;
  • Во соработка со надлежниот сектор во рамки на општинската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти во областите на информациското општество и е-управа;
  • Обезбедува проектен менаџмент за информациски и е-управа проекти (дефинирање, планирање, учество во имплементацијата и евалуација);
  • Предлага и реализира стратегија за воведување на географски информационен систем на општината;
  • Учествува во планирањето, управувањето и реализацијата на меѓународни проекти во областа на географските информациони системи;
  • Врши организирање, имплементирање и одржување на информациската и комуникациска инфраструктура на општината;
  • Врши системско администрирање на информациската и комуникациската инфраструктура на општината;
  • Обезбедува сигурност и заштита на податоците, информациите и документите во информациско-комуникацискиот систем на општината;
  • Го дефинира и обезбедува овластеното користење на информациско - комуникацискиот систем на општината;
  • Води база на податоци за информациско - комуникациската опрема, лиценци, гаранции и сервисирање;
  • Обезбедува администрација и техничка поддршка и одржување на порталот и останатите веб страници на општината;
  • Ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи и се грижи за нивната примена;
  • Подготвува Одлука за организација, делокруг и начинот на извршување на работите на општинската администрација и Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и за измените и дополнувањата на овие акти;
  • Води персонални досиеја на сите вработени во општинската администрација;
  • Ги спроведува законските и подзаконските прописи за државните службеници и за вработени во општинската администрација без статус на државни службеници;
  • Соработува, ја реализира комуникацијата и го координира спроведувањето на законските обврски во однос на државните службеници со Агенцијата за администрација;
  • Подготвува годишна програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
  • Ги спроведува одредбите од општите прописи за работни односи и посебни прописи со кои се регулира статусот на одредени категории вработени во општинската администрација без статус на државни службеници, во однос на нивното вработување, распоредување, плата, одмори и отсуства и другите прашања;
  • Изготвува одлуки и други прописи, програми, информации и други акти.