Раководител на сектор: Рената Стоилковска, дипломиран економист
е-пошта: Renata.stoilkovska@gazibaba.gov.mk- Одделение за буџетска координација и буџетска контрола;
- Одделение за сметководство и плаќање;
- Одделение за администрирање на локални приходи;
- Одделение за координација на јавните набавки;
Надлежности:
- Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;
- Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот;
- подготвување, извршување и известување за извршување на буџетот за субјектот;
- Подготовка на стратешкиот план на субјектот;
- Измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
- Контрола на подготовката и извршување на буџетот;
- Спроведува ex-post и ex-ante финансиска контрола;
- Изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот;
- Следење на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот;
- Сметководствено евидентирање за извршување на буџетот и подготвување на годишна сметка;
- Подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на вратрешната ревизија, кој го подготвува секторот за внатрешна ревизија, а е составен дел од овој извештај, согласно член 47 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола ''Службен весник на Република Македонија'' бр.90/09, 188/13 и 192/15);
- Благајничко работење;
- Подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација;
- Пресметување и исплатата на платите на вработените во субјектот;
- Ја следи примената на законите и други работи од областа на финансиското управување и контрола, ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на утврдувањето на изворите на приходи на Општината;
- Се грижи за нивната примена, за организацијата и ефикасното вршење на работите на утврдување и наплата на даноците, таксите и надоместоците кои се изворен приход на Општината;
- Се грижи за ажурно и ефикасно водење на регистрите на недвижен и подвижен имот на другите регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните и други такси;
- Се грижи и ја организира присилната наплата на даноците, таксите и другите надоместоци, обезбедува навремено задолжување на даночните обврзници согласно законските прописи;
- Подготвува извештаи, анализи и информации за остварувањето на локалните даноци, такси и надоместоци, со цел предлагање на соодветни мерки и активности;
- Предлага акти за промена (зголемување или намалување) на стапките на локалните даноци во законски рамки организира;
- Координира и учествува или непосредно изготвува одлуки и други прописи, програми, информации и други акти.