Раководител на сектор: м-р Тина Каровска, дипломиран градежен инженер
е-пошта: tina.karovska@gazibaba.gov.mk- Одделение за комунални работи;
- Одделение за сообраќај, енергетска ефикасност, градежно-занаетчиски работи и урбана опрема;
Надлежности:
- Следи состојби, предлага мерки за нивно унапредување, и реализира прописи од областа на комуналните работи во делот на: изградба, одржување, реконструкција и заштита на сервисни и станбени улици и други инфраструктурни објекти;
- Врши работи во врска со изградба, одржување, реконструкција и заштита на локални патишта и улици, основни и секундарни комунални објекти;
- Одржување на јавната чистота на сервисните и станбените улици;
- Организирање, изнесување и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад;
- Изградба и одржување на јавно осветлување на станбени и сервисни улици на подрачјето на општината;
- Одржување на гробовите и гробиштата и давање погребални услуги на општинските гробишта утврдени со урбанистички план;
- Изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината утврдени со урбанистички план;
- Одржување и користење на зеленилото на сервисните и станбени улици;
- Отстранување на нерегистрираните моторни и други возила од јавните површини;
- Одржување и користење на јавните пазари;
- Дезинфекција и дератизација и изградба и одржување на јавни санитарни јазли, следи состојби и предлага мерки за нивно унапредување;
- Изготвува и реализира прописи од областа на уредување на градежно земјиште;
- Дава предлози, мислења, поведува иницијативи за поставување на: вертикална сигнализација, хоризонтална сигнализација, направи за забавување на сообраќајот;
- Иницијатива за отварање на нови, измена на капацитет или видот или укинување на такси станици;
- Иницијатива на поставување на туристички знаци и останата сигнализација (културни, историски, природни и туристички знаменитости);
- Дава предлози, мислења, поведува иницијативи за промена на режим на јавен превоз;
- Воведување на нови автобуски линии;
- Измена на траси на движења на веќе поставените и дополна на возниот ред и друго;
- Врши административно општи работи од областа на енергетската ефикасност;
- Изготвување на програма за јавно осветлување и нивна реализација;
- Грижа за уличното осветлување, реконструкција и изградба;
- Вршење стручен надзор и подготовка на извештаи и имплементација на програмата за енергетска ефикасност;
- Врши ажурирање на базата на податоци за енергетска ефикасност во сите сегменти/улично осветлување, објекти во надлежност на општината, училишта.