Раководител на сектор: Дарко Стојковски, дипломиран правник
е-пошта: darko.stojkovski@gazibaba.gov.mk- Одделение за комунална инспекција и инспекција за животна средина;
- Одделение за градежна инспекција и инспекциски надзор над вршењето на работите од другите надлежности на општината;
Надлежности:
- Следи и реализира прописи од областа на комуналната инспекција, инспекцијата за животна средина, градежната инспекција, инспекцијата за домување, просветната инспекција, финансиите и инспекциски надзор над вршењето на работите од другите надлежности на општината;
- Врши составување на записници, решенија и поднесување на пријави до надлежните државни органи при постоење на услови за истите;
- Ја следи проблематиката во областите на надлежност на општината, врши анализа на состојбата, доставува извештаи и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
- Инспекциски надзор над примената на одредбите на законите, прописите и другите одлуки донесени од надлежност на општината, надзор над јавните претпријатија основани од општината и над правните и физички лица на кои општината им дала дозвола за вршење на комунална дејност кои се однесуваат на комуналната хигиена;
- Ги следи законските и подзаконските акти од надлежната област и истите ги применува;
- Врши еколошки и инспекциски надзор во општината;
- Врши проценка и превзема мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и јонизирачко и нејонизирачко зрачење;
- Води управна постапка во прв степен и донесува решенија;
- Одговара на жалби во второстепена постапка;