Раководител на сектор: Сашо Трајков, дипломиран економист
е-пошта 1: sasho.trajkov@gazibaba.gov.mkе-пошта 2: contact@gazibaba.gov.mk
- Одделение за локален економски развој;
- Одделение за европска интеграција.
Надлежности:
- Изготвува анализи за дефинирање на развојните приоритети на општината;
- Подготвува стратешки и развојни документи од сите сфери на надлежност на општината;
- Подготвува акциони планови со програми и проекти за сите стратешки и развојни стратегии на општината;
- Води сметка за усогласување на стратешките документи на општината со регионалните и националните стратегии, правила и регулативи за развој, соработува и ги вклучува сите чинители во општината во подготовката на стратешките документи;
- Подготовка на бази на податоци за потребите на стратешкото планирање и развој;
- Води сметка за балансирање на потребите на економскиот развој во општината со потребите во животната средина и општествените потреби;
- Работи на градење на економските капацитети на локалната економија за унапредување на нејзината економска иднина и квалитет за живот на сите нејзини чинители;
- Ги вклучува јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор во креирањето на подобри услови за економски развој и генерирање на вработеност, унапредување на конкурентноста, подобрување на инвестиционата клима во општината и зголемување на одржливиот развој;
- Спроведува активности кои се однесуваат на: обезбедување на инвестициона клима функционална за локалните бизниси, подршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото;
- Го помага и охрабрува формирањето на нови претпријатија;
- Привлекување на домашни и странски инвеститори;
- Инвестирање во физичката (тешка) инфраструктура;
- Инвестирање во меката инфраструктура (образовен и професионален развој на работната сила, системи за институционална поддршка и регулаторни прашања);
- Поддршка на растежот на одделни бизнис кластери;
- Tаргетирање на одделни делови од општината за регенерирање или растеж (територијално базирани иницијативи);
- Подршка на неформални и новорастечки бизниси;
- Tаргетирање на одделни групи со посебни потреби;
- Ги следи активностите кои се поврзани и произлегуваат од европските процеси;
- Обезбедува информации на општина Гази Баба за европските политики и потребата од нивно имплементирање;
- Предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на администрација во согласно со европското законодавство;
- Учествува и организира тркалезни маси, обуки и конференции поврзани со евроинтегративните процеси;
- Ја подготува потребната документација за аплицирање на јавни повици и конкурси кои се поврзани со европските фондови;
- Координира и реализира активности поврзани со европските проeкти во кои е вклучена Општината;
- Во зависнот од активностите кои се предвидени во тековниот проект, помага и ја координира проектната единица.