Раководител на сектор: Ѓоко Велковски, дипломиран економист

е-пошта: gjoko.velkovski@gazibaba.gov.mk
  • Одделение за протокол, односи со јавноста и меѓународна соработка;
  • Одделение за јавни дејности.
Надлежности:
  • Следи и проучува закони и другите прописи и општи акти од надлежност на општината;
  • Врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите;
  • Предлага концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања и иницира решавање на одделни проблеми од надлежност на општината;
  • Обезбедува предлог програма за работа на секторот и дава извештај за реализацијата на програмата за работа на секторот;
  • Се грижи за организацијата и за подготовката на белешки и записници од протоколарните и работните средби и состаноци на Градоначалникот на општината;
  • Jа прима и распоредува поштата упатена до Градоначалникот на општината;
  • Се грижи за организацијата и спроведувањето на информирањето на јавноста и медиумите за активностите на органите на општината, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на општината;
  • Се грижи за ефикасното, квалитетно и навремено примање и одговарање на претставките и предлозите на граѓаните;
  • Се грижи за организацијата и пласирањето на информации и веб-страната на општината;
  • Учествува во координирање и водење на меѓународни проекти;
  • Учествува во активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
  • Води евиденција, регистар, примање и обработување на пријави и обрасци предвидени со закон;
  • Ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;
  • Ја следи проблематиката во областите на надлежност на општината;
  • Врши анализа на состојбата и дава иницијативи и предлози за нивно решавање;
  • Го следи и применува Законот за јавните набавки;
  • Се грижи за спроведување на постапката за набавка согласно Законот за јавните набавки;
  • Дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки;
  • Ги следи меѓународните искуства на полето на примената на новите технологии и модернизацијата на локалната самоуправа;
  • Организира и остварува соработка со други органи при вршењето на работите во секторот;
  • Остварува редовни контакти и координација на работата со другите раководители на сектори, разменувајќи со нив информации;
  • Ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа, предучилишното образование, основното образование, спортот и се грижи за нивна примена во општината;
  • Врши работи поврзани со основањето, престанокот, финансирањето и учеството на претставници на општината во органите на управување во предучилишните установи и основните училишта на подрачјето на општината;
  • Се грижи за обезбедување на услови за развој на квалитетен спорт во општината, за организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за општината и за изградба и одржување на спортски објекти од значење за општината;
  • Иницира, предлага и по потреба раководи и учествува во проекти од областа на основното образование, културата, спортот;
  • Oрганизира и остварува соработка со други органи при вршењето на работите во секторот.
  • Ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа, социјалната заштита и заштита на децата и се грижи за нивна примена во општината;
  • Се грижи за остварувањето на социјалната грижа за категориите лица определени со закон, за управување, основање, финансирање и одржување на јавни установи, домови за стари лица и детски одморалишта;
  • Иницира, предлага и по потреба раководи и учествува во проекти од областа на социјалната, детската заштита;
  • Организира и остварува соработка со други органи при вршењето на работите во секторот.