Помошник раководител на сектор: Васко Апостоловски, дипломиран правник
е-пошта: vasko.apostolovski@gazibaba.gov.mk- Одделение за нормативно-правни работи, стручно административни и општи работи;
- Одделение за поддршка на советот и работните тела на советот;
- Одделение за заштита и спасување и одбрана;
- Одделение за месна самоуправа и подрачни одделенија.
Надлежности:
- Ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа и се грижи за нивна примена во општината;
- Предлага концепти на одлуки и други прописи за уредување на односи, состојби и прашања и иницира решавање на одделни проблеми;
- Обезбедува предлог програма за работа на секторот и со другите раководители на сектори учествува во координирањето на подготовката на програмата за работа на општината;
- Обезбедува единствени ставови и единствен пристап при третирањето на исти или слични прашања;
- Го следи развојот на системот на локалната самоуправа во општината и неговото остварување;
- Дава предлози по прашања што се од интерес за остварувањето и развојот на локалната самоуправа во општината;
- Ги следи меѓународните искуства во реализацијата и развојот на локалната самоуправа и ги испитува можностите за покренување иницијативи и предлози за нивна имплементација во општината.
- Следење и проучување на законите и другите прописи и општи акти од надлежност на локалната самоуправа;
- подготвување нормативни и други општи акти од надлежност на Градоначалникот и Советот;
- Иницирање и предлагање на донесување на прописи од надлежност на Советот;
- Давање мислења во врска со непосредна примена на законите, прописите и општите акти;
- Вршење стручна обработка на прашањата кои се од значење за примена на законските одредби;
- Изготвување анализи, информации, извештаи и стручни мислења;
- Учествување и помагање во изготвување на одделни акти и прописи од други сектори;
- Превземање правни средства пред судовите и државните органи за заштита на имотот и имотните права на општината;
- Водење евиденција за примени, пратени и архивирани предмети;
- Собирање, средување и обработување архивски материјали;
- Подготвување и обработување документација по утврдена методологија;
- Следење и применување на законските прописи и општите акти за канцелариско и архивско работење.
- Водење евиденција за примени, пратени и архивирани предмети, канцелариско и архивско работење кое го опфаќа приемот, распакувањето, евиденцијата и испраќањето на актите на органите на општината;
- Водење сметка за правилно архивирање на предметите според планот за архивски знаци и листите на категории за чување на архивска граѓа;
- Грижа за безбедно чување на архивскиот материјал од секакво оштетување;
- Секретарски работи за Градоначалникот и претседателот на Советот;
- Грижа за функционирање на апаратите за фотокопирање, телефоните, системот за озвучување и останатата опрема;
- Комуницирање и услужување на граѓаните преку едношалтерскиот систем;
- Снабдување на магацинот со потребниот канцелариски и потрошен материјал, со резервни делови за возилата, за водоводната, електричната и топлификационата мрежа, водење материјална евиденција за прием и издавање на материјалите, евиденција во врска со користењето, поправката и регистрацијата на возилата, отстранување дефекти од помал обем на водоводната, топлотната, електричната и телефонската инсталација;
- Работи во врска со одржување на хигиена во просториите;
- Вршење кафеготвечки работи и услужување со пијалоци за потребите на Градоначалникот и работи во врска со одржување и хортикултурното уредување на дворот на општината.
- Следење и проучување на законите и другите прописи од значење за локалната самоуправа и изготвување на концепции и основи за одлуки и други општи акти со кои се уредуваат прашањата од надлежноста на Советот;
- Вршење на стручни, организациони и други работи во подготвувањето и одржувањето на седниците на Советот на Општината и на работните тела на Советот на Општината, обликување и подготвување на актите на Советот за прогласување и објавување;
- Изготвување на стручни мислења и материјали од аспект на нивна усогласеност со законите и другите прописи;
- Предлагање на тези за изработка на Програмата за работа на Советот и подготвување на материјали;
- Проучување и следење на прашањата од локалната самоуправа што треба да послужат како основа за изготвување на Програмата за работа на Советот;
- Проучување на материјалите што се ставени на дневен ред за седница на Советот;
- Подготвување на материјали за разгледување на Советот;
- Реализирање на седницата на Советот;
- Изготвување на потсетници и записници за седницата на Советот, изготвување на заклучоци и мислења и нивно проследување, давање на стручна и друга помош на членовите на Советот;
- Спроведување на оригиналните акти што произлегуваат од седниците на Советот;
- подготвување и реализирање на седници на работните тела на Советот;