Раководител на сектор: м-р Емилија Ѓурчиновска, дипломиран економист

е-пошта: emilija.gjurcinovska@gazibaba.gov.mk
  • Одделение за внатрешна ревизија на работењето на општинската администрација;
  • Одделение за внатрешна ревизија на јавните установи и јавните претпријатија основани од општината;
Надлежности:
  • Врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите;
  • Се грижи за стручно усовршување;
  • Обезбедува обука за внатрешните ревизори;
  • Подготвува и поднесува Годишни планови за обука до Градоначалникот за нивно одобрување и обезбедува нивна имплементација;
  • Се грижи за работната дисциплина во секторот и врши оценување на раководните државни службеници;
  • Изготвува стратешки и Годишни планови за внатрешна ревизија, врз основа на објективна процена на ризикот и ги донесува по претходна согласност од Градоначалникот;
  • Ја одобрува Програмата за секоја поединечна ревизија;
  • Изготвува Упатство за работа на секторот и Повелба за внатрешна ревизија;
  • Го организира и координира работењето на внатрешната ревизија, и врши надзор на нејзиното спроведување;
  • Го доставува ревизорскиот извештај до раководителот на субјектот и до раководителите на организационите единици на субјектот, чие работење било предмет на ревизија;
  • Го следи спроведувањето на препораките од извршените ревизии и акционите планови;
  • Ги следи прописите, стандардите, прирачниците и упатствата кои се од значење за внатрешната ревизија и нивната практична примена;
  • Се грижи за спроведување на ревизорските активности и чување на документите од ревизиите;
  • дава мислење за внатрешните правила и акти на субјектот од јавниот сектор, во врска со прашања поврзани со внатрешната финансиска контрола и внатрешната ревизија, пред овие правила и акти да влезат во сила;
  • Подготвува Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;
  • Го известува Градоначалникот за спроведувањето на Годишниот план за ревизија, и дава објаснување за промените во планот за ревизија.