Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и Канализација, Златко Перински направија увид во градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа во н. Железара.
Со менувањето на линијата, се исклучува дел од старата водоводна линија која во минатото беше предмет на чести дефекти на мрежата, со што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите од н. Железара и н. Автокоманда.
Соработката на општината со град Скопје и јавните претпријатија ќе продолжи и во иднина преку реализација на заеднички проекти.
14.04.2022