Во паркот „Борис Трајковски“ во населбата Ченто, се одржа манифестацијата „ДЕНОВИ НА СОЛИДАРНОСТА” по повод сеќавање на солидарноста и хуманоста која го изгради Скопје по големиот земјотрес кој на денешен ден во 1963 година го погоди нашето Скопје.
На манифестацијата настапија естрадни уметници од македонската музичка сцена.
Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните и им порача:
“Солидарноста и хуманоста да бидат наша водилка низ животот, бидејќи секој човек ќе се памети по неговите дела. Да подаваме рака и да помагаме, бидејќи нашата мала помош за некого значи надеж за живот”.
Секоја генерација има своја битка. Тогашната генерација се соочила со предизвик од ново да го изгради се она што било срушено од земјотресот, а нашата генерација денес има обврска и предизвик она што е изградено да се обнови, одржи и надогради.
{gallery}foto/2022/07/denovi na solidarnosta/gallery{/gallery}
26.07.2022