Општина Гази Баба и ова лето, по 13-ти пат, беше домаќин на бројни културно-уметнички друштва во рамките на Меѓународниот фестивал „Гази Баба 2023“, кој се одржува во месец јули секоја година, а го организираме во соработка со Ансамблот „Јонче Христовски“ од н. Автокоманда.
Трите фестивалски вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, во дворот на OОУ „Наум Охридски“ во н.м Булачани и на плоштадот во н. Маџари.
На концертот со подготвена културно уметничка програма учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Чешка, Романија кои приредија незаборавни моменти од фолклорот на сопствените земји од кои потекнуваат, преку инзвонредните музички изведби и кореографии.
На Меѓународниот фолклорен фестивал присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски, кој имаше чест да го отвори и да ги поздрави учесниците и многубројните љубители на фолклорот. Меѓу останатите присутни, овие три фестивалски вечери присутни беа и пратеничката во Собранието на Р. Македонија, Жаклина Пешевска, претседателката на Советот на општина Гази Баба, Дијана Илиевска и советници од Советот на Општина Гази Баба.