Денеска се одржа конститутивната седница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, на која сите градоначалници едногласно го избравме Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје за претседател на ЗЕЛС.
Благодарност упати градоначалникот Бобан Стефковски на колегите градоначалници за укажаната доверба и можноста да биде член на Управниот одбор на ЗЕЛС.
Оваа одговорност ја прифаќа со целосна посветеност и подготвеност за активна работа во интерес на општините и граѓаните.
ЗЕЛС има клучна улога како заеднички глас на општините, платформа за усогласување на ставовите и механизам за заштита и унапредување на локалната самоуправа.
Преку ЗЕЛС се креираат политики, се разменуваат добри практики и се јакнат капацитетите на општините за поефикасно и транспарентно работење.
Важноста на ЗЕЛС е непроценлива, бидејќи силни општини значат подобри услуги, побрз локален развој и поголем квалитет на живот за граѓаните.
Само преку единство и координација можеме успешно да одговориме на предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници.
Соработката со Владата е од суштинско значење за реализација на заеднички проекти, унапредување на законската рамка и обезбедување стабилна поддршка за општините.
Преку партнерски однос меѓу централната и локалната власт создаваме услови за одржлив развој и конкретни резултати за граѓаните.
Продолжуваме одговорно, обединето и во интерес на сите граѓани