Во просториите на општина Гази Баба се реализираше крводарителска акција во соработка со општинската организација на Црвен крст – Гази Баба и Институтот за трансфузиона медицина.
За време на акцијата беа собрани 21 единица на крв.
Со учество на крводарителската акција, вработените ја потврдија својата хуманоста и желба да се дарува крв за да се спаси живот.
Градоначалникот Бобан Стефковски ја посети и даде поддршка на денешната акција, а на крводарителите им посака да продолжат и во иднина да бидат хумани и да даруваат крв.