Се одржа манифестацијата „Гази Баба за Гоце Делчев“ во населеното место Гоце Делчев, која претставува значаен културен настан посветен на ликот и делото на македонскиот револуционер.
Настанот привлече голем број жители и гости кои дојдоа да ја оддадат почитта и да уживаат во богата музичко-сценска програма.
На сцената настапија познатиот вокал Јована Богданоска и вокално-инструменталната група „Аманет“, кои со своите изведби внесоа традиционален дух и емоција, како и Ансамблот „Седенка“, кој преку игра и песна ја пренесе македонската културна традиција.
Програмата беше исполнета со патриотски мотиви и сеќавања на големиот борец за слобода, што ја направи вечерта особено инспиративна.
Манифестацијата беше организирана со поддршка од Општина Гази Баба, како дел од активностите за одбележување на значајни историски личности и настани од македонската историја.