Градоначалникот
Бобан Стефковски се обрати на отворањето на меѓународниот карате турнир Солидарност опен и да им посака добредојде на натпреварувачите од Србија, Косово, Црна Гора и Грција.
Ова е еден од најдобрите спортски настани кои се одржуваат во нашата општина, а за тоа говори и фактот што на истиот ќе се натпреваруваат повеќе од 600 натпреварувачи.
Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка на спортските клубови кои функционираат на нашата територија, бидејќи инвестициите во спортот претставуваат инвестиции во иднината.