На форумот присуствуваа голем број граѓани на Гази Баба, претседатели на Месните и Урбаните заедници, членови на Советот, како и претставници од невладиниот сектор.
Секој граѓанин имаше можност да каже што му е потребно, што треба да се подобри и каде треба да се насочат буџетските средства.
Слушнавме конкретни предлози, искрени иницијативи и вистински потреби.
Ова е доказ дека народот најдобро знае што му треба.
Граѓанинот е нашата најточна навигација.
Ние постоиме за да му служиме на народот — не обратно.
Затоа заедно го креираме буџетот, заедно одлучуваме и заедно ја градиме иднината на Гази Баба.
Кога народот зборува — ние слушаме.
Кога народот предлага — ние делуваме.
Кога народот одлучува — општината напредува.
Заедно ја градиме Гази Баба — општина по мерка на граѓаните!