На покана на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија, Архепископ Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на свечената академија по повод 8ми Декември – Денот на Св. Климент Охридски.
Со овој државно – црковен празник, Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија го чествува својот патрон, заштитникот на Македонија, Св. Климент Охридски.
Своевремено Св. Климент Охридски ќе рече: “Да немаме непријателство со никого, да не се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме од срце и да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно, во кое дојде да нѐ повика Христос, нашиот вистински Бог”.
Нека е за многу години денот посветен на Св. Климент Охридски!