По повод 3-ти Ноември, Денот на Општина Гази Баба се одржа свечена седница на Советот на Општина Гази Баба.
Во обраќањето пред членовите на Советот со целосна одговорност градоначалникот
Бобан Стефковски изјави дека е задоволен од она што е сработено во изминатите две години.
Ако во првата година од мандатот на градоначалникот зборувавме за новото време во Гази Баба, денес на половина од неговиот мандат можеме слободно да кажеме дека нашата Гази Баба живее во време на големи промени, а за тоа говорат реализирани проекти.
На свечената седница присуствуваа 50 ученици од општинските основни училишта кои добија од Општина Гази Баба стипендии за талентирани ученици и ученици спортисти, а им беа доделени од градоначалникот Бобан Стефковски и претседателката на Советот,
Дијана Илиевска.