Во духот на традицијата и верата, во дворот на Црквата „Св. Георги Победоносец“ во Трубарево свечено се одржа манифестацијата “Ѓурѓовденски чествувања”, посветена на големиот христијански празник Ѓурѓовден.
Настанот, кој од година во година привлекува се поголемо внимание, беше збогатен со културно-уметничка програма и масовна посетеност од страна на верници и граѓани од целата Гази Баба.
На сцената настапија реномирани уметници – пејачот Миле Кузмановски, познатата музичка уметница Андријана Јаневска и Ансамблот „Јонче Христовски“, кои со своите изведби донесоа автентична атмосфера и големи емоции меѓу присутните.
Особено емотивен момент беше изведбата на песната „Заветна“, која беше пречекана со силни аплаузи и топли емоции.
Манифестацијата претставува важен дел од духовниот и културниот живот на Трубарево и е доказ за негувањето на традицијата, музиката и заедништвото меѓу луѓето.
Честит и вечен да е празникот!