На плоштадот во Автокоманда сите љубители и корисници на велосипеди имаа можност да дојдат со своите велосипеди на Вело Родеото, кое се одржа во рамките на Европската недела на мобилност.
Продолживме со работилници и забава за најмладите како Бавна трка со велосипеди, цртање на истите, вело вежби и учење како да се поправи сопствениот велосипед.
Настанот беше во организација на Еко Логик, а поддржан од Општина Гази Баба и Europe House.