Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати на отворањето на 27-те регионални пензионерски спортски игри на кои општина Гази Баба е домаќин.
На игрите учество земаа над 400 пензионери од здруженијата на пензионери во општините од градот Скопје.
Спортските игри се доказ дека и во третата доба од животот може да се биде во добра физичка состојба. Со самото учество на овие игри денес, сите пензионери се победници, бидејќи тие во себе носат силна волја, многу енергија и се подготвени за физичка и духовна релаксација.
Република Македонија е социјална држава и затоа мора да води грижа за граѓаните преку обезбедување на социјална сигурност и загарантиран пристап до социјалните права.
Имаме одлична соработка со Здружението на пензионри на Гази Баба и таа соработка ќе продолжи да се реализира и во иднина.