Денеска направивме уште еден важен чекор во унапредувањето на спортот во нашата општина – доделивме спортска опрема на сите фудбалски клубови кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба. Ова е дел од нашата долгорочна стратегија за поддршка на младинскиот спорт и развој на спортската инфраструктура, бидејќи веруваме дека спортот е двигател на здрави навики, заедништво и дисциплина.
Искрено и од срце изрази градоначалникот Бобан Стефковски, благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ за неговата постојана поддршка и соработка со локалните заедници. Неговата посветеност и визија за развој на фудбалот се препознаени и ценети и токму затоа му додели Стефковски плакета како знак на признание за неговата работа и придонес.
Особена благодарност и до:
Градоначалникот на општина Петровец, г. Борче Митевски
Градоначалникот на општина Илинден, г. Александар Георгиевски
Нивната поддршка и заедничката работа уште еднаш покажуваат дека кога институциите се здружени – успехот е неминовен.
Исто така, огромна благодарност до претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Гази Баба, г. Дарко Костовски, кој со ентузијазам, енергија и искрена љубов кон спортот се вложува во секој проект и настан во рамки на сојузот.
Гази Баба денес бележи историски инвестиции во спортот! Од изградба и реконструкција на спортски терени, преку современи спортски содржини, до директна поддршка на клубовите и младинските категории – никогаш досега спортот не бил повисоко на листата на приоритети на локалната самоуправа.
Ова е само почеток на уште поголеми и позначајни проекти. Наша должност е да создадеме услови во кои секое дете ќе може да се развива, спортува и сонува големи соништа.
-
-
default