Од раните утрински часови, водоснабдувањето кон населените места Смилковци и Црешево е стабилно. Испораката на вода од страна на ЈП „Водовод и Канализација“ кон операторот РЖ услуги, преку кој овие населени места се снабдуваат, се одвива без прекини.
Како претпазливост, за евентуални исклучителни ситуации, Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба обезбеди и цистерни со техничка вода, како и цистерна од 18.000 литри питка вода за пиење, кои се подготвени да реагираат при потреба.
Во изминатите денови бев во постојана комуникација со менаџментот на ЈП „Водовод и Канализација“ – и телефонски и писмено, со јасно барање за итно решавање на проблемот со водоснабдувањето.
Се надевамe дека состојбата со водоснабдувањето во населените места низ Гази Баба ќе се подобри!
Апелирамe до сите граѓани на одговорно и рационално користење на водата. Злоупотреба на системот за водоснабдување е недозволива – особено во услови кога ЈП „Водовод и Канализација“ известува за намалена издашност на изворот Рашче и неговите два бунари.