Вечерва во Ергеле, градоначалникот Бобан Стефковски беше дел од една света традиција – средба со илинденската коњаница, која со гордо издигнати глави тргнува од Горно Лисиче кон славното Крушево, во чест на Илинден.
Ова не е само марш – ова е завет, љубов и непокор кон Македонија!
Традиционално, комитската средба ја организираме во Ергеле – место каде пулсира срцето на македонската историја, каде што одекнува силата на идеалите на нашите херои.
Илинден е повеќе од празник.
–Тој е пламен што не згаснува.
– Тој е завет за слобода.
– Тој е нашата обврска да ја чуваме Македонија – горда, достоинствена и непокорена!
Да не заборавиме: Македонија не се мери со зборови – туку со срце, со борба, и со верба!
Да ја љубиме и браниме како што нашите предци го сториле тоа – со честа, со крвта и со песна!
Коњаницата продолжува – како што продолжува и нашата љубов кон оваа света земја!