Утрово во дворот на Општина Гази Баба се одржа церемонија на свечено подигање на знамето на Република Македонија, знамето на Општина Гази Баба и знамето на Европската Унија.
Градоначалникот
Бобан Стефковски на денешниот настан истакна пред сите присутни дека од оваа година започнуваме со една нова активност со која во иднина ќе започнува одбележувањето на Денот на општината, а тоа е со промена на знамињата.
Должност на сите граѓани е да ги почитуваат знамето, химната и грбот како симболи на нашата татковина Република Македонија.
Знамето е национален симбол кое претставува заедничко обележје на сите оние кои живеат во Македонија, без исклучок на нивната национална припадност.
На церемонијата присуствуваа и учениците од општинските основни училишта, бидејќи децата се оние кои го продолжуваат патот во иднина.