Градоначалникот
Бобан Стефковски имаше средба со гостите од Турција и Германија кои престојуваат во Република Македонија преку Еразмус проектот кој го реализира ООУ “Дане Крапчев”.
На гостите Стефковски им подари дрес од фудбалската репрезентација на Република Македонија, а во знак на пријателство беше одигран и натпревар во мал фудбал.
Основните училишта од Општина Гази Баба учествуваат во голем број меѓународни проекти, преку кои, наставниците и учениците од основните училишта остваруваат бројни посети за соработка, во други држави, но се и домаќини на бројни делегации на нашата територија.