За успешен раст и развој на секое дете од голема важност е развивањето на моторичките вештини, а за таа цел Општина Гази Баба во соработка со здружението ГА-БА-Скопје во спортската сала Крсте Мисирков организира спортски активности за децата со атипичен развој каде се опфатени учениците од основните училишта во Општина Гази Баба.
Ваков проект за прв пат се реализира на нашата територија.
Со изведување на разновидни вежби, игри и полигони кај децата се развива моториката, моторните вештини како и прецизност во движењето, манипулирање и координирање на движењата, нивна контрола, брзина, точност и рамнотежа.
Градоначалникот Бобан Стефковски учествуваше во вчерашните спортски активности, кој ги поддржува ваквите спортски настани а ќе продолжи и во иднина да дава силна поддршка на проекти од ваков тип.
Општина Гази Баба посветено работи на секое дете да му обезбеди услови за подобар раст и развој.
{gallery}foto/2022/05/sport/gallery{/gallery}
10.05.2022