Зачајна и конструктивна средба на која беа разменети мислења и ставови за актуелните предизвици во образованието и улогата на синдикатите во креирањето одржливи и квалитетни решенија.
На средбата Стефковски ја потенцираше важноста на постојаниот, отворен и искрен дијалог со синдикатите, како неопходен предуслов за унапредување на правата на вработените во образованието, подобрување на работните услови и јакнење на целокупниот образовен систем. Само преку партнерски однос и меѓусебна доверба можеме да постигнеме конкретни и долгорочни резултати.
Во оваа насока, градоначалникот Стефковски го информираше претседателот на СОНК и за тековните и планирани инвестиции во образованието на територија на Општина Гази Баба. Овие инвестиции се насочени кон подобрување на инфраструктурата на училиштата, создавање поквалитетни услови за учениците и обезбедување подобра работна средина за наставниот и стручниот кадар.
Образованието претставува еден од клучните приоритети, а вложувањата во него се директна инвестиција во иднината на нашите деца и заедницата во целина. Ќе продолжиме со посветена работа, одговорен пристап и активна соработка со сите релевантни чинители, вклучително и синдикатите.
Само преку дијалог, соработка и заедничка визија можеме да изградиме посилно и поквалитетно образование.