На средбата со жителите на Црешево градоначалникот Бобан Стефковски разговараше за реализацијата на последната фаза од изградбата на фекалната канализациона мрежа.
Изминатиот период во ова населено место се реализираа две фази за изградба на канализационата мрежа и директно од општинскиот буџет се инвестираа околу 40.000.000 денари.
Низ дијалог со граѓаните ги решаваме децениските проблеми во општината.
{gallery}foto/2023/mart/creshevo_sredba/gallery{/gallery}
30.03.2023