Во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“, Отсекот за превенција при СВР Скопје вчера оддржа работен состанок во просториите на МЗ Алија Авдовиќ со членовите на локалниот совет за превенција од општина Гази Баба, секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски, советници од Советот на општина Гази Баба како и претставници од месни заедници.
На средбата беше разговарано за вклучување на локалните заедници во спречување на одредени негативни појави особено во летниот период, како и за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, присутните дадоа поддршка на активностите на полицијата, особено во превенирање и спречување на појавите како што се неовластено пукање со огнено оружје на свечености, спречување на настанување пожари, безбедност во сообраќајот, нарушување на јавниот ред и мир и други.
{gallery}foto/2022/08/sovet_prevencija/gallery{/gallery}
05.08.2022