Денеска, градоначалникот Бобан Стефковски имаше особена чест и задоволство да се сретне со Никола Станишиќ, победникот на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Овој млад и талентиран уметник, чие потекло води токму од нашата општина преку неговата мајка, ја освои целата балканска публика со својата искрена емоција и извонреден вокал.
Во моментот кога милиони луѓе од целиот балкан беа пред своите екрани, Никола ја запеа нашата втора химна – „Бисер Балкански“. Со тоа испрати силна порака: Македонија е бисерот на балканот!
Гордоста што ја чувствуваме како општина, но и како држава, е немерлива. Никола не само што ја промовираше македонската музика на најголемата сцена во регионот, туку стана симбол на обединетост и културна гордост.
Со радост ви најавувамe дека наскоро ќе ја видиме и нашата прва заедничка соработка! Гази Баба секогаш стои зад талентираните луѓе – зад оние кои ја сакаат и негуваат македонската песна, култура и традиција.
Од името на сите граѓани на Гази Баба му посакувамe на Никола уште многу успеси и победи. Тој е вистинска инспирација за младите и доказ дека со труд и љубов – сè е можно!
Благодарност до Никола што достоинствено ја претстави Македонија.