Градоначалникот
Бобан Стефковски имаше средба со жителите од Месната заедница Булачани, на која се разговараше за изнаоѓање на решение за проблемот со водоснабдувањето во ова населено место.
Општина Гази Баба има определено средства од буџетот за изградба на филтер станица за водоснабдувањето со која ќе се подобри квалитетот на водата.
Со зголемена динамика продолжува изградбата на училишната сала на ООУ Наум Охридски.
Во следниот период ќе продолжиме со асфалтирање на локални улици во ова населено место.
Граѓаните организирани преку Месните и Урбаните заедници се оние кои одлучуваат во која насока ќе ја движиме општина Гази Баба.