Општина Гази Баба традиционално секоја година избра најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки. Заеднички придонесуваме за посвечен изглед на општината во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
По тој повод добија награди оние пријавени, кои Комисијата составена од администрацијата ги посети и избра за најубави и најуспешни декорации.
Награда за најубаво украсена тераса доби Даниела Давчевска-Петреска од населба Автокоманда, за најубаво украсен двор Сања Петровска од населба Хиподром и Марјан Стефановиќ од населба Ченто.
За најубаво украсено основно училиште награда доби ООУ „Григор Прличев“ од населба Железара, а за најубаво украсен објект, градинката „25 Мај“- објектот „Сонце“.
Наградите им ги додели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој на денешната средба ги поздрави наградените и им ги честита новогодишните и божиќни празници, а воедно им посака и во иднина да продолжат со својата креативност.
{gallery}foto/2022/12/novogodisni nagradi/gallery{/gallery}
27.12.2022