Градоначалникот Стефковски изминативе две години меѓу другото, ги реализираше и трите цели кои се во насока на унапредувањето на комуникацијата со граѓаните, а тоа се:
Воспоставување на двонасочна комуникација со граѓаните на Општина Гази Баба;
Обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност на своето работење кон граѓаните и сите чинители во општината; и
Обезбедување на партиципативност на граѓаните на Општина Гази Баба во носењето на крупните стратешки и инвестициски одлуки, а пред и над се во носењето на буџетот на општината.