Утрото на градоначалникот Стефковски започна со посета на градинката „25 Мај“ во клонот Детелинка каде на сите дечиња кои денес тргнаа во градинка им посака денови исполнети со радост, среќа и другарување.
Тој на првиот училишен ден во ООУ “Његош” во Колонија присуствуваше на приемот на првачињата и на првиот училишен час и им посака успешен почеток на образовниот процес на првачињата кои од денес започнуваат една нова етапа во животот.
Образованието е процес на стекнување знаења, вештини, вредности, верувања и навики и е многу значајно за раст и развој на детето и се смета клучно за успех и светла иднина.
Едукацијата на нашите деца почнува од рана возраст. За прв пат се среќаваат со учењето преку игра во градинка, потоа продолжуваат во основно и средно училиште.
Општина Гази Баба оваа година за прв пат на сите 750 првачиња им додели еднократен паричен надоместок во висина од 3000 денари.
{gallery}foto/2022/09/shkolska2022/gallery{/gallery}
01.09.2022