Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски се на работна посета на Република Словенија.
При посетата на Словенија градоначалникот Стефковски присуствуваше на настан на кој ги презентираше инвестициските потенцијали со кои располага општината.
Покрај инвестициските потенцијали презентирани од учесниците од Словенија, градоначалникот Стефковски ги презентираше проектите кои се досега финансирани од меѓународните фондови кои во изминатите години успешно се реализирани во општина Гази Баба.
На настанот, со градоначалникот Георгиевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу општините Иванчева Горица, Гросупље, Гази Баба и Илинден.
Заедничката соработка на која се согласија ќе се однесува на размена на искуства за реализација на проекти од меѓународни фондови кој во иднина би се реализирале во областите: комунални услуги и инфраструктура, култура, спорт и образование, туризам, мобилност и енергија, здравје и сигурност.
Општина Гази Баба во следниот период ќе стекне голем број на меѓународни партнери со кој преку заедничка соработка ќе аплицираме за реализација на проекти кои ќе бидат финансирани од меѓународни фондови.
{gallery}foto/2022/05/31/slovenija/gallery{/gallery}
31.05.2022