Денес градоначалникот Стефковски беше на средба со Амбасадорот на Република Турција Н.Е Хасан Мехмет Секизќок на кој му изрази сочувство за големиот број на загинати, повредени и големата материјална штета која настана како последица на катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција. Тој на средбата понуди и помош која може да ја обезбеди во соработка со компаниите од територијата на општина Гази Баба за потребите на населението погодено од земјотресот.
Општина Гази Баба негува пријателски однос со турскиот народ и тоа ќе продолжи така и во иднина.
09.02.2023