Утрово градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните работи на новата мрежа на фекална канализација која се гради на ул. Модест Мусоргски во Триангла.
Со оваа инвестиција ставаме крај на долгогодишниот проблем кој го имаа жителите од овој дел на Триангла.
Инвестициите за реализација на проекти продолжуваат насекаде низ општина Гази Баба.
Дополнително во завршна фаза е и проектната документација за реконструкција и ревитализација на целата улица Модест Мусоргски со изградба на тротоари.
Општина Гази Баба од ден за ден станува подобро место за живеење.
08.03.2023