Донација од 20 едноставни инвалидски колички, 5 помошни помагала, патерици за лица со посебни потреби и 5 седишта за бања обезбеди градоначалникот Бобан Стефковски за Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА. Денес тој оствари и средба со претседателот на ова Здружение, Ертан Шакир.
Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за бања, помошни помагала и патерици кои се наменети за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба.
Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и истите ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби.
Општина Гази Баба се грижи за сите ранливи категории на граѓани. Нашата помош и поддршка ќе ја имаат сите оние на кои тоа ќе им биде потребно.
07.02.2023