Вечерва со оддржување на свечената академија како централен настан се одбележаа 46 години од основањето на општината каде градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните и ги сублимираше резултатите од работењето на општината во изминатата година.
Покрај тоа, заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска доделија плакети во знак на признание за успешна соработка и покажана општествена одговорност на компании и здруженија на граѓани од територија на општина Гази Баба.
Општина Гази Баба оди по патот на напредокот, рамномерниот развој и урбанизацијата.
Концептот “Ново време во Гази Баба” ќе ја направи општината зелена и чиста, инфраструктурно развиена!
{gallery}foto/2022/11/3noemvri/gallery{/gallery}
03.11.2022