Општина Гази Баба одбележува 48 години од своето постоење.
Велат дека родендените се моменти на кои треба се потсетиме за тоа каде бевме, каде сме и каде сакаме да бидеме.
Денес после 3 години од мандатот на Бобан Стефковски состојбата во населените места е многу поразлична, а граѓаните по задоволни.
Ако првата година зборувавме за новото време во Гази Баба, а втората година за време на големи промени. Денес по крајот на третата година, сите три години од мандатот заедно може да се опишат како Време на дела!
Дела кои значат чиста вода за пиење за жителите во Раштак, Брњарци и Булачани.
Дела кои значат фекална канализација за Смилковци, Црешево, Страчинци, Јурумлери, Гоце Делчев и Чукур маало и повеќе од 150 асфалтирани улици.
Дела кои значат нова детска градинка во Трубарево, нова училишна зграда за учениците од Крсте Мисирков во Ченто и нови училишни сали за учениците од Булачани и Стајковци.
Дела кои значат 27 спортски терени, 6 фитнес зони, 50 детски забавни катчиња.
Дела кои значат 530 нови реализирани или започнати со реализација проекти кои носат подобар и поквалитетен живот за граѓаните на Општина Гази Баба.
Денес храбро чекориме кон својата иднина. Газиме трнлив, но вистински пат. Пат на кој се решаваат децениските проблеми, но и пат на кој се вреднува мислата и ставот на граѓанинот.
Денес на овој ден со нас беа присутни 53 ученици од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.
Секој од овие ученици во себе носи одреден спортски или образовен талент.
Денес овие 53 ученици добиваат 9 месечна стипендија од Општина Гази Баба со цел нивно мотивирање да продолжат да чекорат по патот на успехот.
Време е општината да тргне во чекор со времето и да го стигне трендот на високо развиените општини и градови од Македонија и пошироко, а тоа е возможно единствено со посветена, одговорна и чесна работа која носи резултати, а изминатите 3 години покажавме како се работи од срце за општината.