Утрово градоначалникот Бобан Стефковски ја посети Теона – првото бебе, жител на општина Гази Баба, кое се роди вчера попладне на првиот ден од новата година.
Им честиташе на среќните родители Ирина и Мартин од Јурумлери.
Првото женско дете во годината симболизира нов почеток, надеж и радост.
Првороденото бебе ќе добие еднократна парична помош од општина Гази Баба во износ од 20.000 денари, како и финансиска поддршка за секое новороденче во висина од 8.000 денар.
Нека е жива, здрава и благословена Теона.