Во н. Железара во рамките на спортското игралиште се оддржа третиот турнир во футсал во организација на клубот за мал фудбал Железарец.
Општина Гази Баба со средства од Буџетот ја поддржа реализацијата на овој турнир.
Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори турнирот а на учесниците им посака пред се да спортуваат и другаруваат, а потоа секако да победи подобриот.
Општина Гази Баба е најспортската општина во Скопје и тоа секојдневно се докажува преку организацијата на настани и активности од сите категории на спорт.
{gallery}foto/2022/05/25/zelezarec/gallery{/gallery}
25.05.2022