Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори таеквондо турнирот кој е во организација на Таеквондо клубот Кобра.
Благодарност до претседателот на Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT Борче Костовски и градоначалниците Дарко Костовски и Александар Стојкоски за поддршката и присуството на турнирот.
Општина Гази Баба оваа година додели историски највисока финансиска поддршка за спортските клубови кои функционираат на територија на нашата општина.
Поддршката кон спортот од локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, бидејќи спортот е важен сегмент од животот на младите.