Учениците од училиштето за глуви и лица со посебни потреби Санта Марија, од главниот град на Романија, Букурешт се сретнаа со градоначалникот Бобан Стефковски.
Домаќин на учениците од Романија е Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски кој се наоѓа на територија на општина Гази Баба.
Продолжува соработката на општина Гази Баба со сите чинители во општеството, чија примарна цел е реализација на општествено – одговорни проекти.
{gallery}foto/2022/10/partenija_bukurest/gallery{/gallery}
18.10.2022